четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 0

Грција губи 12 милијарди евра годишно поради затајување данок

Според истражувањето, од 2010 година даночните приходи во Грција забележуваат пад.

Грција губи 12 милијарди евра годишно поради затајување данок

Грција губи 12 милијарди евра годишно поради затајување данок

Последни вести

Грција губи близу 12 милијарди евра годишно поради неплаќање на даноци, а во исто време на годишно ниво таа троши 28 милијарди евра за пензии, 15 милијарди евра за плати во државниот сектор и 12 милијарди евра годишно за отплата на долговите на државата, покажа истражувањето на организацијата „Дианеосис“.

Како што објави весникот „Имерисија“, организација си поставила за цел да го разгледа проблемот со неплаќањето на даноците во Грција и да предложи решенија, бидејќи според неа, од 1975 година во земјата се донесени 240 закони за даноци и не е решен проблемот со даночните затајувања.

Според истражувањето, од 2010 година даночните приходи во Грција забележуваат пад.

Грчките експерти проценуваат дека за да се реши проблемот со неплаќањето на даноци во земјата, треба да биде намалена даночната стапка, да се зголеми даночната контрола и борбата со корупцијата, да се воведе употреба на виртуелни пари или електронско плаќање и да се работи на создавање на нови структури и формирање на даночна свест.

Најчитани вести