Грција и Австралија-визен режим „работи и одморај“

По двегодишни преговори, официјалните лица на Грција и Австралија се договорија да воведат визен режим под назив „работи и одморај“, кој би обезбедил работни дозволи за 500 млади лица од 18 до 30 години во рамките на пилот програмата наменета за зајакнување на туризмот и билатералните односи.

„Шемата која на младите ќе им пружи можност да живеат и работат во Грција или Австралија една година, треба да стапи на сила претстојните месеци, откако ќе ја изгласа грчкиот парламент,“ изјави министерката за туризам Олга Кефалојани, која во Канбера потпиша договор со австралискиот министер за имиграција Скот Морисон,“ пишува Катемерини.

Морисон порача дека шемата ќе биде продолжен ако се покаже како успешна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.