вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 0

Грција и кредиторите постигнаа договор за пакетот реформи

evro

Последни вести

Грчката Влада постигна договор со меѓународните кредитори за пакетот реформи, што се очекува да биде доставен денеска до парламентот, јави ДПА.

Реформите треба да бидат одобрени до 18 декември, за да може да биде деблокирана нова транша во вредност од една милијарда евра од кредитот за земјата.

Едно од прашањата, што беше пречка на преговорите изминатата недела меѓу Грција и меѓународните кредитори, беше организацијата на приватизацискиот фонд, кој треба да работи со продажба на државните компании.

Несогласувањата во врска со приватизацискиот фонд се надминати. Решени се и несогласувањата за тоа како да се постапи со лошите кредити на грчките банки во вредност од над 56 милијарди евра. Од јануари банките ќе добијат дозвола да ги продаваат, изјави министерот за економија Јоргос Статакис.

Најчитани вести