Преговорите меѓу Грција и нејзините кредитори во рамките на таканаречената Бриселска група денеска се очекува да влезат во финална фаза, објави МИА.
Владини извори во Атина соопштија дека грчкиот технички тим кој учествува во преговорите ќе направи обид да ги затвори сите отворени прашања што е можно побрзо, но без менување на црвените линии на Владата.
Меѓу темите за кои ќе се дискутира деновиве се стапките на ДДВ, фискалниот јаз и системот за социјално осигурување.