Грција има најголем суфицит во Европа

Заменик грчкиот министер за финансии, Кристос Стаикурас, изјавил дека Грција ќе го постигне проектираниот буџетски дефицит од над 800 милиони евра.

„Суфицитот на грчката Влада во текот на 2013-та година веќе достигна 691 милион евра“, рекол тој, додавајќи дека Грција има најголем суфицит во Европа.

„Ова е најголем вишок во цела Европа“, истакнал Стаикурас.

Инаку грчката Влада претходно изјавила дека очекува достигнување на суфицитот бидејќи тоа е клучен услов Грција да ги стекне потребните услови за понатамошна помош од меѓународните кредитори кои треба да го намалат преголемиот долг.