Свет

Грција има рок од три месеци да ја засили поморската граница со Турција

Грција има рок од три месеци да ја засили поморската граница со Турција
ЕУ ќе дозволи безвизен режим со Турција

Европската унија постави ултиматум на Грција давајќи и рок од три месеци за да се справи со „сериозните пропусти“ во управувањето со бранот мигранти на поморската граница со Турција.

По предлог на ЕК, одлуката е донесена на седница во Брисел на министрите за финансии од ЕУ.

Ако препораките од ЕК не бидат почитувани доволно, ЕК може да предложи по истекување на рокот од три месеци одново проверки на границите во шенген зоната, јавуваат западни медиуми.