Грција и Иран водат првични преговори за испорака на природен гас

Грција ги почна првичните преговори со Иран за добивање природен гас за задоволување на потребите на локалните потрошувачи и е подготвена да помогне за излегување на Техеран на пазарите на европските земји, во интервју за агенцијата Блумберг изјави грчкиот министер за животна средина и енергетика Панос Скурлетис, пренесе ТАСС.

-Очигледно е дека Иран се стреми кон тоа да почне да продава течен природен гас, користејќи ги танкерите за нафта и пројавува интерес за соработка со Грција, изјави Скурлетис.

Во намерата да оствари извоз во Европа Техеран е заинтересиран да го користи терминалот во Ревитуса, недалеку од Атина, изјави грчкиот министер. Оваа компанија, управувана од компанијата ДЕСФА, во 2000 година почна да увезува течен природен газ.

Речиси 20 проценти од обемот на потребите на течен гас во Грција е од увоз. При тоа иранската страна ги разгледува перспективите да користи фирма, чија изградба е планирана во Александруполис, во северниот дел на земјата, рече Скурлетис.

-Иран, исто така, не ја исклучува соработката со грчките рафинерии, додаде министерот.

Во согласност со годинава склучениот договор, Атина од Техеран ќе купува од 60 до 150 илјади барели нафта дневно.