Грција исплати 186 милиони евра на ММФ

Грција исплати 186 милиони евра на ММФ

Во момент кога се водат преговори за третиот финансиски спасувачки план за Атина Грција исплати 186,3 милиони евра на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Грција во јуни влезе во банкрот
Грција во јуни влезе во банкрот

Грција денес ги исплати каматите што ги должи кон ММФ, изјави портпарол на финансиската институција.

Од почетокот на јуни, тоа е прв случај во кој Грција ја исплаќа сумата што ја должи кон ММФ во утврдениот рок.

Откако побара поместување на рокот, Грција на 30 јуни влезе во банкрот по долгот кон ММФ, кој од 2010 година е еден од главните меѓународни кредитори на земјата.

Атина пропушти нова исплата во средината на јули, со што нејзините задолженија кон ММФ се зголемија на две милијарди евра.

Се подготвува план за заем од над 80 милијарди евра

Претставниците на кредиторите на Грција (ЕК, ЕЦБ и ММФ) се во Атина една седмица во обид да изготват финансиски спасувачки план за Грција преку заем од над 80 милијарди евра за три години.

ММФ предупреди дека нема да ја финансира Грција додека Атина не усвои целосен план за реформи и додека Европејците не се согласат да простат дел од грчкиот долг кој е околу 320 милијарди евра.

Грција во јули го исплати заостанатиот долг

Грција кон средината на јули го исплати заостанатиот долг кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во висина од речиси две милијарди евра.

Грција повеќе не доцни во отплатата на долговоите кон ММФ, изјави Рајс.

Тој при тоа нагласи и дека ММФ е подготвен да продолжи да и помага на Грција во напорите да ги поврати финансиската стабилност и економскиот раст.

Претходно, Атина го исплати и долг од 4,2 милијарди евра кон Европската централна банка кој доспеа денеска, а и врати околу 500 милиони евра на Централната банка на Грција.

Исплатените средствата се дел од преодниот кредит од 7,16 милијарди евра од Европскиот стабилизацикси механизм, што и беше одобрен на Грција во рамките на нејзниот договор со доверителите.

 

 

Во Грција минатиот месец беше одржан референдум на кој граѓаните се изјаснија дали ги поддржуваат барањата на кредиторите.