четврток, 27 јули 2017  |  Вести денес: 0

Грција испраќа втора рунда помош за поплавените подрачја во Македонија

грција

Поврзани вести

Македонија ја доби втората пратка помош од Грција за поплавените подрачја во земјата, соопшти грчкото Министерство за цивилна заштита.

Грчката помош се состои воглавно во мобилни пумпи и генератори.

Во меѓувреме, грчките медиуми јавија дека првата мисија во рамките на грчката помош завршила успешно со помош на грчката противпожарна служба. Се нагласува дека Грција била една од првите земји кои одговорија на барањето на Македонија, веднаш по активирање на Европскиот механизам за цивилна заштита и меѓу првата помош што пристигна во поплавените области, пренесува МИА.

Медиумите уште нагласуваат дека Грците биле топло пречекани во селото Сингелиќ, каде добредојде и благодарност за помошта им изразиле и повеќе македонски функционери.

Најчитани вести