Балкан

Грција излегува од рецесија во 2014 година?

Грција излегува од рецесија во 2014 година?

Грција наредната година ќе излезе од рецесија, по шест години негативен економски раст, соопштила денеска централната банка на земјата, но со предупредување за можни политички тензии и за големата неизвесност пред која се наоѓа земјата.

„Наредната година, ќе биде прва година со позитивен економски раст, по шест последователни години на рецесија. Ова враќање ќе има позитивно влијание врз вработувањето, бидејќи се очекува пад на просечната годишна стапка на невработеноста“, се наведува во најновите економски прогнози на централната банка на Грција.

Според проценките на Владата во Атина, грчката економија во наредната година ќе забележи раст од 0,5 отсто, благодарејќи и на „здравата“ меѓународна ситуација, слабата стапка на падот на потрошувачката, како и на процесот на приватизација, што од Грција го побараа нејзините меѓународни кредитори, за да може да ја вратат економијата на здрави темели.