Грција излезе од рецесијата

Грција излезе од рецесијата откако во третото тримесечие од годината економијата регистрира раст од 1,4 отсто на годишно ниво, јавува МИА.

Информацијата за тоа е дадена во момент кога државата преживува една од најжестоките рецесии во светот во изминатите 100 години.

Економскиот шок што го преживува Грција се споредува со Големата депресија од 30те години од минатиот век во САД.

Проценките се дека враќањето на економијата на Грција на нивото од 2008 година да одземе 30 години ако има раст од еден отсто годишно. Ако економијата има раст од два проценти годишно тој период би бил достигнат за 15 години. Невработеноста во Грција е на рекордно ниво од 25 отсто и останува на ниво од околу 50 отсто за граѓани на возраст меѓу 15 и 24 години.