Грција ја деблокира приватизацијата на пристаништето Пиреја

Грција ја деблокира приватизацијата на пристаништето Пиреја, а Владата во Атина побара обврзувачки понуди од компаниите што се заинтересирани за купување на 51 отсто од акциите на пристаништето, пренесува МИА, повикувајќи се на БТА.

Уште од минатата година за втората фаза од тендерот за продажба се квалификуваа кинеската компнаија „Коско“ и  други четири компании.

Продажбата на пристаништето, меѓутоа, беше запрено заради изборите во земјата кои на власта ја донесоа левичарската Влада на премиерот Алексис Ципрас.

Владиниот портпарол ги информирал инвеститорите во врска со корегираната покана за поднесување понуди, со која се предвидува купување на 51 отсто место првичните  67 отсто од акциите на пристаништето определени за приватизација.

Тој појасни дека во моментов само три од петте компании и натаму покажуваат интерес за купување на пристаништето Пиреја: кинеската „Коско“, холандската „АРМ“ и филипинската „Контејнер Терминал Сервисис“.

Станува збор за приватизација на 51 отсто од акциите на пристаништето со перспектива овој дел да достигне до 67 отсто во следните пет години, доколку се инвестираат 300 милиони евра. Ние сакаме победникот на тендерот да го соопштиме на крајот на септември или почетокот на октомври, додаде портпаролот.

Приватизацијата на пристаништето Пиреја се случува во момент кога новата грчка Влада се обидува да постигне нов договор за спасувачкиот план и искажува подготвеност повторно да ја разгледа продажбата на државните активи под услов државата да продолжи да учествува во секој приватизациски договор.

Меѓународните кредитори од Грција бараат Владата да ја забрза   распродажбата на овие државни активи доколку сака да добие пристап до останатите 7,2 милијарди евра од последната спасувачка транша.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.