Грција ја исполнила својата цел за примарниот буџетски суфицит во 2013 година

Грција ја исполнила својата цел да реализира примарен буџетски суфицит од минимум 800 милиони евра во 2013 година. Тоа го изјави денеска грчкиот заменик министер за финансии Христос Стајкурас, пренесува „АФП“.

Во 2013 година во буџетот на Грција имало примарен суфицит од 691 милиони евра, покажуваат документите кои биле претставени на печатот денес. Стајкурас посочи дека заедно со буџетот на локалните администрации сумата ќе го покрие поставениот минимум од 800 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.