Грција ја предаде листата со реформи

Грција ја испрати листата со планови за економски реформи до европските институции и Меѓународниот монетарен фонд во понеделникот полноќ, нагласувајќи дека оваа листа е „валидна појдовна точка“ за постигнување на договор.

Грција требаше да ги претстави своите планови како услов за продолжување на спасувачката програма за уште четири месеци. Овој договор Грција со партнерите од еврозоната го постигна во петокот.

„Според мислењето на Комисијата, листата е доволно сеопфатна, за да биде валидна појдовна точка за постигнување на решение“, изјави изворот додавајќи дека Европската комсија е „видливо охрабренена од силната посветеност на Грција во борбата против затајувањето на данок и корупцијата“.

Претходно, од Европската комисија соопштиле дека листата со реформи била добиена навреме.