Грција ќе формира Секретаријат за бегалска криза

Бегалски Камп во Идомени
Бегалски Камп во Идомени

Грчката влада планира да креира Секретаријат за бегалска криза. Секретаријатот ќе биде одговорен за менаџирање на бегалската криза, а се настојува на негово чело да застане поранешниот член на грчкиот парламент Одисеј Вудурис, дознава Катимерини.

Според изворите, владата бара начин да ги подели одговорностите за менаџирање на бегалската криза и мигрантите помеѓу новиот секретеријат и одделот на Министерството за Внатрешни работи, управуван од Васислис Пападопулос.

Вудурис е поранешен член на Грчкиот Парламент
Вудурис ќе застане на чело на грчкиот Секретаријат за бегалска криза

Вудурис бил избран за новата улога поради неговото поранешно искуство во работењето со хуманитарните организации и невладиниот сектор. Тој е поранешен шеф на тимот на грчкиот оддел на „Лекари без граници“, а бил и на повеќе државни позиции во државното здравство.

Вудурис беше избран за член на парламентот со ПАСОК во 2009-тата, а потоа и со Демократската левица во 2012-тата. Тој бил отфрлен од двете партии поради несогласувања околу политиките.

СИРИЗА го поддржа Вудурис кога тој неуспешно се обиде да стане гувернер на Пелопонез во 2014-тата година. Сега се шпекулира дека токму тој ќе застане на чело на грчкиот Секретаријат за бегалска криза.

За 24 часа пристигнале 200 нови мигранти на грчките острови

Во последните 24 часа на грчките острови во источниот дел од Егејското Море пристигнале 225 мигранти и бегалци.

Мигранти пристигнуваат на грчките острови
Мигранти пристигнуваат на грчките острови

Подетално, како што јави дописникот на МИА од Атина, на Лезбос пристигнале 187 лица, на Самос 20 мигранти и на островот Мегисти (Кастелоризо) од утрово пристигнале 18 бегалци.

Според денешните податоци, на грчка територија има вкупно 52.352 мигранти и бегалци.

Почна пренесувањето на мигрантите од Грција во Турција

Грција синоќа соопштија дека согласно договорот меѓу Европската унија и Анкара за запирање на мигрантскиот прилив кон Европа, во текот на вчерашниот ден вкупно 202 илегални мигранти од грчките островите Лезбос и Хиос со три бродови биле вратени во Турција.

Дел од договорот потпишан минатиот месец предвидува мигрантите кои илегално влегле во Грција по 20 март и кои не ги исполнуваат условите за добивање азил во ЕУ, да бидат вратени во Турција.

Повеќе за ова на следниот линк.