Балкан

Грција ќе ги исполни обврските од спасувачката програма и истото го очекува од кредиторите

Грција ќе ги исполни обврските од спасувачката програма и истото го очекува од кредиторите

– Преговорите со кредиторите требаше одамна да бидат завршени, бидејќи грчката Влада поднесе исцрпни предлози кои ќе ги запазат нејзините цели, изјави Геровасили, забележувајќи дека позицијата на ММФ не помогна во постигнувањето навремена спогодба.

– Грција категорично изјавува дека ќе ја почитува спасувачката спогодба од јули минатата година до нејзината последна буква, и подвлекува дека сите учесници во преговорите треба да го направат истото, истакна владината портпаролка.