Грција ќе ги пречека ракометарите во Атина во баражот за СП

Салата Ано Лиосиа во близина на Атина ќе биде домаќин на квалификацискиот меч меѓу Македонија и Грција за пласман на СП 2015 година во Катар. Средбата е закажана за 7 јуни во 19 часот (локално време), а реваншот се игра на 15 јуни во Скопје во „Борис Трајковски“.

Поради важноста на дуелот, кој има не само спортски карактер, ИХФ, реши да посвети посебно внимание на тие два натпревари. Од двете федерации ќе се бара организацијата да биде на високо ниво, и истите да минат без проблеми.

Мечот се игра во организација на ЕХФ, бидејќи се работи за континентални квалификации.

Салата Лиосиа има капацитет од 9.300 седишта и е изградена за потребите на Олимпијадата во 2004 година.