Балкан

Грција ќе го олеснува визниот режим

Грција ќе го олеснува визниот режим

Грција, како земја што го презеде претседателството со Европската унија, во средината на март ќе претстави свои предлози за олеснување на визниот режим за граѓаните на трети држави, соопшти министерката за туризам на земјата Олга Кефалојани.

„Приоритет на грчкото претседателство во ЕУ е да покажеме дека туризмот треба да стане неизбежен дел од развојната политика на Унијата. Ова не се однесува само Грција и јужните земји, туку и на цела Европа“, рекла Кефалојани, пренесува „Та Неа“.

„За време на своето претседавање Грција ќе ја предложи ревизија на визниот законик, што е од особена важност за Грција, за да се отстранат бирократските бариери за граѓаните на третите земји, како Украина, Русија, Турција, Кина, кои имаат потреба од визи за влез на територијата на ЕУ. Треба да биде олеснето нивното влегување во нашата земја“, појаснила министерката.

Според неа, туризмот има важно значење за грчката и европската економија.

„Ние сме заинтересирани за зимскиот туризам, планинките одморалишта и да се решат инфраструктурните проблеми. Ќе ги поддржиме напорите на локално ниво за развој на таквите форми на туризмот, како селскиот, еколошкиот, спа- туризмот…“, рекла Кефалојани.