Германија е најголем кредитор на Грција

Германија најголем кредитор на Грција

Статистичките податоци, претставени денеска од белгиски медиуми покажуваат дека Германија е најголем кредитор на Грција.

Атина му должи на Берлин 87 милијарди евра. Вториот по големина кредитор на Грција е Франција (66 милијарди евра). Потоа следуваат Италија (58 милијарди) и Шпанија (40 милијарди). Холандија и позајмила на Грција 19 милијарди евра, Белгија – 11 милијарди, Австрија – девет милијарди.

Финска – шест милијарди евра, а Словенија 1,5 милијарди евра што е четири отсто од нејзиниот БДП.

Долговите кон државите од еврозоната се составени од основата на кредитите од институциите на ЕУ, како според билатералните кредитни договори.