Грција: Масовна тепачка во затвор, двајца мртви

Двајца мртви и најмалку дваесет повредени е билансот од тепачката меѓу група затвореници Албанци и државјани на арапски земји,од една и група пакистански затвореници од руга страна во познатиот грчи затвор Коридалос, пренесе МИА.

Како што јави дипсииникот на МИА од Тирана, повикувајќи се на албанските медиуми,инцидентот се случил синоќа околу 21 часот.

Групата составена од Албанци и државјани на арапски земји ги нападнале Пакистанците со рачно изработени ножеви и други тврди прдмети. Убиените затвореници, според тиранската телевизија Ора њус, се Пакистанци а уште двајца од повреднеите се во критична состојба.

Повредените се хоспитализирани во болницата во Тзанеио.
Инцидентот се случил неочекувано за време на вечерата, но брзо состојбата ескалирала.Мотивите се уште се непознати.