Грција: Над 60 илјади лица може да бидат погодени од поскапувањето на швајцарскиот франк

Над 60 илјади лица во Грција, кои зеле станебни кредити во швајцарска валута, можат да бидат погодени од одлуката на Швајцарската централна банка да се откаже од фиксниот курс во однос на еврото, кои изминатите три години се задржуваше на ниво од 1,20 франци за евро, пренесе МИА.

Според оценките на банките тие станбени кредити се проценуваат на околу шест милијарди евра. Поскапувањето на швајцарскиот франк ќе принуди илјадници корисници на кредити да плаќаат повеќе.

Швајцарската валута поскапе и за околу 25 отсто во однос на американскиот долар.