Криза во Грција: Падна цената на нафтата, зајакна еврото

Откако Грците на референдум ги отфрлија дополнителните мерки за штедење како услов за добивање на остатокот од финансиската помош, а министерот за финансии Јанис Вруфакис даде оставка, еврото зајакна на 1,1088 долари, наспроти претходните 1,1027 долари.

Камтните стапки на италијанските хартии од вредностпораснаа од 2,38 отсто на 2,248 отсто, а приносите на германските обврзници скокнаа од 14,8 отсто на 14,63 отсто, пренесува агенцијата АФП.

По остриот пад во Азија, со искллучок на Кина, индексите на почетокот на тргувањето бележат пад и во Европа, по одлуката на Грција да не ги прифати условите на кредиторите.

Германскиот Dax бележи пад на околу два отсто, а шпанскиот Ibex  е во пад на 2,2 отсто, италијанскиот FTSE MIB е понизок за 2,8 отсто, а францускиот  Cac паднал на 2 отсто.

berze_ap

Пад на цената на нафтата

Терминские цени на нафтата денеска паднаа, бидејќи инвеститорите се фокусирани на грчкиот референдум.

Аериканската „лесна“ нафта за испорака во август поевтини на берзата во Њујорк за 2,1 долар, додека нафтата од типот „брент“ за августовската испорака поетини 75 центи.

„Резултатите од референдумот во Грција го турнаа светот во непозната територија“, се наведува во соопштението на сингапурската банка „ДБС“.

Цените на нафтата се исто така под притисок поради големото производство на нафта во САД, што предизвикува загриженост бидејќи гобалниот пазар и онака е презаситен, пренесуваат агенциите.

Граѓаните на Грција со ммнозинство гласови ги отфрлиа условите на кредиторите за понатамошна финансиска помош, при што 61,31 отсто од Грците гласаа „не“, а 38,69 гласаа „да“ на референдумот што се одржа вчера.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.