Грција најголем добитник за сметка на земјите од Вишеградската група

Полска е незадоволна од предлогот за новиот буџет на ЕУ и се заканува дека би можела да го одложи конечниот договор за финансирање на блокот ако во него и понаtаму останува планот, според кој Полска би добила речиси 20 милијарди евра помалку отколку порано, објави Financial Times.

Со овој нов буџет, можеме да заборавиме на брзите преговори, рече полскиот министер за развој, Јержи Квичински.

Европската комисија предложи намалување на буџетската линија за кохезионите фондови, наменети за помалку развиените земји-членки на ЕУ, за 10 отсто. До сега, вкупниот износ на кохезионите фондови изнесуваше 330 милијарди евра.

Според последниот предлог на Европската комисија, Полска ќе изгуби дури и повеќе од просекот бидејќи новиот буџет би ги намалил одвојувањата за Полска за 19,5 милијарди, на вкупно 64,4 милијарди долари, што е намалување од 23 проценти.

Според истиот предлог, Унгарија, Чешка, Естонија и Литванија ќе изгубат 24 отсто од тековниот буџет, што е максимално намалување.

Благодарение на овие намалувања, Комисијата ќе го замрзнe или дури би го зголемила финансирањето за јужните држави- Шпанија би добила покачување од 5 отсто, за вкупно 34 милијарди евра, додека Италија би добила 6,4 отсто или вкупно 38,6 милијарди долари. Најголемо покачување би добила Грција, чии средства од кохезионите фондови би се зголемиле за 8 отсто на 19,2 милијарди евра.

Балтичките земји и Вишеградската група ќе добијат дури 37 милијарди евра помалку во следниот буџетски период, додека Португалија, Шпанија, Италија, Грција и Кипар ќе добијат 3,7 милијарди повеќе.

Полскиот министер за Квичински изјави дека Варшава би можела да прифати намалување од 10 отсто поради помалите уплати во буџетот на ЕУ по напуштањето на Велика Британија, но дека новиот предлог е претерување кое создава непотребни поделби.

Полска досега беше најголем примател на кохезиски фондови, но нејзината економија значително се зголеми во текот на изминатите неколку години и веќе ја достигна Грција со БДП по глава на жител. Според проекциите на ЕУ, следната година ќе ја престигне и Португалија.

Но  Квичински. предупреди дека Полска се уште е една од најсиромашните земји во ЕУ во однос на приходот по глава на жител вкупниот имот на населението.

Сè уште сме петта најсиромашна земја во ЕУ. Ако се земе во предвид трошењето на кохезионите фондовипо глава на жител, сега сме број седум. Според новиот предлог, би биле број 10, а тоа е голема разлика. Нашата земја има потреба од помош за да зајаке, а зајакнувањето на нашите држави е корисно за целата ЕУ бидејќи овие средства се враќаат во друга форма. Тие ја зајакнуваат целата Унија, рече тој.

Комисијата се надева дека ќе се договори нов буџет пред изборите за Европскиот парламент во мај 2019 година, но Квичински се сомнева дека тоа ќе се постигне на време.