Грција: Најмалку четири земјотреси се регистрирани од почетокот на денот

Најмалку четири земјотреси се регистрирани од почетокот на денот во Грција, покажуваат податоците од Европскиот сеизмолошки центар.

Потресите биле со интензитет од 3,1 до 4,4 степени според Рихтери се регистрирани на длабочина од два до 18 километри по земното ниво.

Последниот земјотрес, регистриран во две минути пред десет часот, бил со интензитет од 4,4 степени. Епицентарот на земјотресот е само на 115 километри северозападно од главниот град Атина и на 20 километри западно, северозападно од Аталанти, кон островот Евбеја.

Се’ уште нема податоци за настрадани лица и материјална штета.