Спорт

Грција најпосакуван противник за Македонија, Италија и Германија најатрактивни

Грција најпосакуван противник за Македонија, Италија и Германија најатрактивни

За нешто повеќе од два часа ќе стартува ждрепката за групната фаза од престојниот квалификациски циклус за Европското првенство во 2016 година кое ќе биде одржано во Франција.

Предвидено е да има осум групи со по шест репрезентации и една група со пет репрезентации. На ЕП 2016 ќе има 24 тима, покрај домаќинот Франција, директно ќе се пласираат по двете најдобри репрезентации во квалификациските групи и една најдобра третопласирана репрезентација. Преостанатите осум третопласирани репрезентации ќе играат бараж за последните четири места на завршницата во Франција.

Репрезентацијата на Македонија ќе биде дел од петтиот шешир по квалитет, и за противници нема да може да ги добие репрезентациите на Исланд, С.Ирска, Албанија, Литванија, Молдавија, Азербејџан, Грузија и Кипар.
РАСПОРЕД НА СЕЛЕКЦИИТЕ ПРЕД ЖДРЕПКАТА:
ПРВ ШЕШИР: Шпанија, Германија, Холандија, Италија, Англија, Португалија, Грција, Русија и БиХ.
ВТОР ШЕШИР: Украина, Хрватска, Шведска, Данска, Швајцарија, Белгија, Чешка, Унгарија и Р. Ирска.
ТРЕТ ШЕШИР: Србија, Турција, Словенија, Израел, Норвешка, Словачка, Романија, Австрија и Полска.
ЧЕТВРТИ ШЕШИР: Црна Гора, Ерменија, Шкотска, Финска, Летонија, Велс, Бугарија, Естонија и Белорусија.
ПЕТТИ ШЕШИР: Исланд, С. Ирска, Албанија, Литванија, Молдавија, МАКЕДОНИЈА, Азербејџан, Грузија и Кипар.ШЕСТИ ШЕШИР: Андора, Ф. Острови, Гибралтар, Казахстан, Лихтештајн, Луксембург, Малта, Сан Марионо.