Грција не го прифаќа предлогот на кредиторите

Грчкиот премиер Алексис Ципрас синоќа имал телеконфренција со германскиот канцелар Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, на која ги информирал дека Владата на Грција не го профаќа предлог-договорот што го доставија нејзините кредитори, соопштија грчки влади извори.

Како што јавија грчките медиуми, целата конференција минала во „конструктивен дух“.

– Предлогот на кредиторите не може да биде основа за договор, бидејќи не ја одразува процедурата по кој се преговараше во последниве месеци во Брисел, дополнија владините извори во Атина.

Според нив, за разлика од овој, предлогот што го доставила грчката Влада ги содржел елементите што двете страни ги усогласиле во текот на преговорите.

Одбивањето на Ципрас да го прифати предлогот на кредиторите доаѓа во пресерет на денешна дебата во грчкиот Парламент посветена на преговорите.