Грција – недвижностите годинава со пониски цени

Грчката страница „reporter.gr“ објавила истражување за пазарот на недвижности во Грција. Резултатите од истражувањето покажале дека при купување на недвижен имот 84 отсто од купувачите плаќале во готово, а не со кредит од банка, додека две третини од нив биле во брак и со семејства. Европските граѓани најмногу купувале недвижен имот во јужниот дел на Егејското море.

Цените на новите станови во Грција се намалени за 34 отсто во однос на 2009 година, односно пред кризата, така што нов стан што пред неколку години се продавал по цена од 200.000 евра, сега може да се купи за 132.000 евра.