Грција нема да ги прифати предлозите на кредиторите

Грчката Влада нема да ги прифати предлозите од меѓународните кредитори за предлог спогодба, изјави премиерот Алексис Ципрас на средбата со министерот за финансии Јанис Варуфакис и други министри, пишува МИА.

– Последните предлози (на кредиторите) нема да бидат прифатени. Нашите партнери треба да разберат дека во текот на последните пет години грчкиот народ страда и затоа некој треба да им стави крај на игрите за сметка на грчкото население – изјави Ципрас.