Грција: Нема да има нови мерки за штедење

Нема да има нови мерки за штедење по завршувањето на вториот спасувачки план за земјата во декември, изјави денеска портпаролката на грчката Влада Софија Вултепси, пренесе МИА.

Кога грчката програма ќе заврши и земјата ќе побара поддршка, еврозоната ќе биде подготвена да ја потпомогне, додаде портпаролката.

Забележувајќи ја „нестабилноста на финансиските пазари и реформите, кои претстои да бидат остварени“ од Атина, еврозоната се изјасни во поддршка на „програма за спас на Грција под формата на инструмент за финансиска поддршка од еврозоната“, со учество на ММФ.