Грција нема докази дека наводниот организатор на нападите во Париз бил во земјата

Грција нема докази дека наводниот организатор на терористичките напади во Париз Абделхамид Абауд, бил некогаш во земјата, изјави висок претставник на грчкото МВР, јави БТА.

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев изјави претходно дека на 16 ноември, по двата напада, разузнавачката служба на неевропска држава сигнализирала дека Абуд бил во Грција.

Абуд бил убиен во акција на француската полиција во средата.

Тој додаде дека Франција не и предала никаква информација на Грција дека Абуд бил во земјата.