Грција никогаш нема да го врати долгот

Европската унија треба да прфати дека Грција никогаш нема да го врати долгот од 366 милијарди американски долари, дури и во случај отежнатата економија да ја продолжи својата спасителна програма, велат аналитичари за CNBC, пренесува Нетпрес.

Грчкиот долг не е возможно да биде исплатен во овој живот, вели Кингсли Џоунс, основач и извршен директор на „Jevons Global“.

– Треба да бидеме реални. Грчкиот долг сега е 175 отсто од БДП-то, а тоа е повеќе од периодот во кој се’ започна. Едноставно видете ја Јапонија. Државниот долг и изнесува речиси 300 отсто од БДП-то. Еден ден купиштата долгови едноставно ќе се урнат и задолжувањата нема да бидат вратени. Таква е ситуацијата и со Грција, објаснува тој.

Моментната спасителна програма на европските кредитори наложува Грција да го намали долгот до под 110 отсто од БДП-то, и тоа до 2022 година. Во последен момент оваа спасителна програма беше пролонгирана за дополнителни четири месеци.

– Условите во спогодбата на Грција со кредиторите до голем степен бараат од земјата да се обиде да постигне примарен буџетски суфицит од над 4 отсто за 10 години… Ниту една земја со нездрава економија не успеала да го направи тоа досега. Затоа мислам дека моментнинте услови за Грција се всушност нереални, додава Џоунс.

И покрај тоа што грчкиот премиер Алексис Ципрас повеќе не сака отпис на долгот поради своите ограничени можности за преговарање, експертите велат дека европските кредитори треба да разберат дека нема друго решение, ако сакаат Грција да остане во еврозоната и покрај својата лоша финансиска положба.

– Еврогрупата треба да прифати дека Грција е неплатежноспособна и има потреба од суштествено намалување на долгот. Тоа требаше да го направат уште во 2010 година, но тогаш одбраа да и дадат на Грција повеќе кредити и да го одложат проблемот, вели Николас Ферес, инвестициски директор во „Eastspring Investments“.

Според него, приходите на Грција се со 30 отсто пониски од највисоките нивоа, кое е идентично на Големата депресија во 30-те години на 20-от век, така што штедењата едноставно се невозможни.

Европските институции најверојатно ќе ја отфрлат опцијата за отпис на долговите, и ќе настојуваат упорно Грција да ја доведе во ред својата даночна политика, објаснува Еван Лукас од „IG“, и додава дека службените лица се склони да смислат секаква друга варијанта освен намалување на долгот.

Расте ризикот од излез на Грција од еврозоната

Иако последната спогодба за четиримесечно пролонгирање го разгоре оптимизмот за трајно решение на ситуацијата, повиците за излез на Грција од еврозоната сеуште се слушаат често.

– Ако ја ло  последната спогодба ќе видите дека Грција не добива ништо, а Германија пак, постигнала многу, едноставно се’ што сакаше. Така да сега се движиме кон излез на Грција од монетарниот сојуз, вели Лукас.

Тој смета дека потпишувањето на каква и да било спасителна програма ќе го загрози мандатот на владејачката СИРИЗА и ќе ја засили перспективата за предвремени избори, нешто што пак од друга страна ќе биде голема опасност за сите досегашни спогодби и договори со европските институции.

Од „Барклис“ ги потенцираат истите опасности и додаваат дека веројатноста од излегување на Грција од еврозоната сега е многу поголема од кога и да било претходно.

– Грчките власти може да почнат да чувствуваат притисок од јавноста, кој ќе ги натера да ја намалат контролата врз исполнување на програмата, а во исто време меѓународните кредитори може да не се во ситуација да толерираат какви и да било нови пропусти, соопштуваат од банката „Барклис“.

Истовремено, според „Морган Станли“, веројатноста Атина да ја напушти еврозоната во следните три до шест месеци, е околу 25 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.