петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 36

Грција со нова вонредна помош за бегалците тешка 353 милиони евра

Од почетокот на 2015 година Грција доби вонредна помош во износ од 353 милони евра за справување со бегалската и хуманитарната криза, покажуваат податоците објавени од Европската комисија.

133363420

Поврзани вести

Корисници на тие средства се грчките власти (вкупно 178 милиони евра се доставени до министерства, полицијата, армијата, крајбрежната стража, службата за бегалци и други надлежни институции) и меѓународни и европските институции и невладини организации (вкупно 175 милиони евра на Меѓународната организација за миграција, Европската канцеларија за поддршка при барање азил и Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации).

Според Комисијата во периодот 2016-2018 година финансирањето во врска со бегалската криза за Грција може да достигне 700 милиони евра.

Најчитани вести