Грција очекува европска помош од околу 5 милијарди евра

Грција се обидува да добие европски пакет помош вреден 4,5 до 5 милијарди евра, за кој политичка одлука ќе биде донесена на вонредна седница на Еврогрупата в петок или в понеделник, објави МИА.

Според извори на весникот „Вима“, очекувањата биле 1,9 милијарди евра да се добијат од профитот на грчките обврзници што ги поседуваат Европската централна банка (ЕЦБ) и централните банки од еврозоната, а 3,1 милијарда евра да бидат доставени од Европскиот фонд за финансиска стабилност во форма на две транши.

Во рамки на истиот фонд остануваат 1,8 милијарди евра. За нивна исплата се бара позитивна оцена за реформите на грчката Влада. Атина всушност, не ги очекуваше тие пари пред крајот на април, наведува „Вима“.