Економија,Балкан

Грција очекува годинава да ја посетат 18,5 милиони туристи

Грција очекува годинава да ја посетат 18,5 милиони туристи

Асоцијатата на грчките туристички агенции, според своите пресметки, очекува оваа година да прими повеќе од 18,5 милиони туристи.

Истражувањето кое го извршила Асоцијацијата, покажало дека во првите четири месеци од 2014 година, бројката на туристи кои пристигнале на грчките аеродроми, е зголемена за 30,1 отсто во споредба со првите четири месеци во 2013 година. Според нивните пресметки, во првите четири месеци, Грција била посетена од страна на 1,3 милиони туристи.

Асоцијацијата предвидува оваа година, Грција да биде одбрана за посета од страна на 18,5 милиони туристи, што ќе придонесе за полнење на буџетот за најмалку 13 милијарди евра.