Балкан

Грција: Од почетокот на годината починале 75 лица од грип

Грција: Од почетокот на годината починале 75 лица од грип

Од почетокот на годинава како последица на заразување со вирусот на грип во Грција починаа 75 лица, соопшти денеска грчкиот Центар за контрола и превенција на болести, пишува МИА.

Само во последниве седум дена од грип во Грција починале 14 лица, од кои три денеска.

Според податоците на Центарот, на реанимација во грчките болници во моментов се наоѓаат 25 лица заболени од грип.

Медицинските експерти предупредуваат дека оваа сезона вирусот на грипот мутирал, со што е намалена ефикасноста на вакцините.