Грција одбива да соработува со меѓународните кредитори ЕУ, ЕЦБ и ММФ

Грција одбива да соработува со тројката меѓународни кредитори (ЕУ, ЕЦБ и ММФ) и да се придржува кон програмата за штедење, изјави новиот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис по разговорите со шефот на Еврогрупата Јерун Диселблум, пишува МИА.

– Ние одбиваме да работиме со тристраната комисија, која дури не е признаена од Европскиот парламент – истакна тој.

Варуфакис рече дека грчката Влада очекува нов договор со еврозоната, што ќе и даде на земјата можност „слободно да земе воздух“.

Грчкиот министер за финансии истакна дека Атина се надева на „создавање клима на доверба, што ќе доведе до нов договор со Грција во рамки на еврозоната“.