Балкан

Грција официјално го презеде претседателството на ЕУ

Грција официјално го презеде претседателството на ЕУ

Политичката елита на ЕУ се собра во Атина во врска со преземањето на официјалното ротирачко претседателство на Унијата од страна на Грција во период од шест месеци, пренесува „Франс прес“.

Полицијата ги засилила мерките за безбедност околу центарот на Атина пред да се одржи церемонијата на предавање на претседателството.

Грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос изјави дека преземањето на претседателството за Грција претставува голема одговорност.

На церемонијата во Атина присуствуваат претседателите на Европскиот совет и Европската комисија, Херман ван Ромпуј и Жозе Баросо, заедно со претставници на сите земји од ЕУ.

Премиерот на Грција, Андонис Самарас го нарече мандатот „претседателство на надежта“.

За време на претседателството првиот чекор на Грција ќе биде кон прилагодување на банкарската унија, борбата со невработеноста и напорите за охрабрување на растот во ЕУ.