Грција оспособи стар воз за привремено живеалиште на бегалците во Идомени (ВИДЕО)

Грција оспособи стар воз за привремено живеалиште на бегалците во Идомени
Грција оспособи стар воз за привремено живеалиште на бегалците во Идомени

Грчките власти оспособија стар воз како привремено живеалиште за дел од мигрантите на Идомени.

Возот, кој е опремен со кревети, има шест вагони и во него можат да се сместат 250 бегалци.

Ваквиот потег е симболичен одговор за подобрување на условите на мигрантите, кои со недели се заглавени во Идомени, надевајќи се дека ќе им биде дозволен влез во Македонија.

Во моментов во овој камп има околу 14 илјади бегалци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.