Балкан

Грција: Осуден новинар за новинарска измислица

Грција: Осуден новинар за новинарска измислица
Грција: Осуден новинар за новинарска измислица

Грчкиот суд осуди новинар, сопственик на портал за објавување новинарска измислица, соопшти грчкиот весник „Катимерини“, при што се истакнува дека тоа е права пресуда во земјата за лажни вести.

На порталот кој пишувал за родителските проблеми, била објавена вест со наслов: „Шок: Видете како компаниите го шират ракот преку вакцини“.

Судот проценил дека сајтот објавил на интернет лажна информација, поради која на новинарот му одредил затворска казна од шест месеци со условна казна од три години и финансиска казна во висина од 500 евра.

Судот тврди дека предметната објава, која предизвикала гнев меѓу специјализираните институции и педијатрите во Атина, била реобјавувана од 2009 година и од други слични портали.