Балкан

Грција откри 35 имигранти во водите на островот Самос

Грција откри 35 имигранти во водите на островот Самос

Грчката крајбрежна стража откри 35 имигранти од различни националности во водите на островот Самос во Егејското Море.

Имигрантите патувале со гумен чамец и се обратиле за помош по мобилен телефон.

Инцидентот се случил во морската област северно од островот Самос, каде во моментот полицијата врши увид.