Балкан

Грција оваа година нема да успее да излезе на пазарите

Грција оваа година нема да успее да излезе на пазарите

Најголемиот инвестициски фонд во светот Пимко смета дека Грција нема да успее да излезе на меѓународните пазари во 2014 година и оти земјата ќе биде принудена да бара нова странска финансиска помош, пишува весникот „Етнос“.

Весникот нагласува дека грчкиот премиер Андонис Самарас пред неколку дена објави дека Грција може да застане на свои нозе и оти повеќе не и е потребна помош од нејзините кредитори.

Директорот на Пимко, Мајк Бранч, меѓутоа, во изјава за германскиот весник „Зидојче цајтунг“ вели дека не е уверен оти Грција е во состојба оваа година да ги собере потребните финансиски средства од меѓународните пазари.

Прогнозите на светскиот инвестициски фонд имаат особена тежина, со оглед на тоа дека неговите инвестиции во износ од 1,5 билиони евра се вложени во државни обврзници.

Каматите на грчките државни обврзници со рок на доспевање од девет години во моментов се движат во границата од осум отсто, истакна експертот од Пимко.