ФОТО: Грчкиот пензионер чија фотографија го обиколи светот

ФОТО: Грчкиот пензионер чија фотографија го обиколи светот

Фотографијата на која се наоѓа седумдесет и седумгодишниот грчки пензионер Јоргос Чацифотијадис го обиколи светот. Тој е човекот кој во очај дека не може да си ја подигне пензијата седна пред една од банките и започна да плаче.

За француката агенција АФП изјавил дека не може да поднесе да ја види неговата земја во таков хаос.

-Затоа се чувствував толку скршен, а не заради своите лични проблеми, изјави тој.

Чацифотијадис и неговата сопруга живееле одредено време во Германија каде работел во рудник за јаглен, а потоа и во леарница.

-Ги гледам моите сограѓани како молат за неколку центи за да купат леб. Гледам се повеќе и повеќе самоубиства. И јас сум сензибилен човек. Јас не можам да поднесам да ја гледам мојата земја во оваа ситуација, рече Чацифотијадис.

Тој смета дека Европа и Грција направиле многу грешки и за тоа мора да се најде решение.

Не е сигурен дека ќе гласа на денешниот референдум, бидејќи најблиското гласачко место се наоѓа 80 км од неговиот дом.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.