сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 0

Грција планира да ги повлече бегалците од Идомени до крајот на месецот

идомени

Последни вести

Грчката Влада разработи план за евакуација на бегалците од кампот Идомени до крајот на мај, предупредувајќи дека доколу тие не бидат преместени оттаму во други организирани прифатни центри, нема да им бидат обновени дозволите за престој во земјата.

Министерот за миграција Јанис Музалес изминатите денови се сретнал со претставници на хуманитарни организации и полицијата, за да им ги презентира плановите на Владата, кои имаат цел да стават крај на проблемот со бегалците на граничниот премин Идомени.

Тој побарал од нив соработка со цел околината на Идомени да биде расчистена од бегалците до 30 мај, пренесува МИА.

Според последните информации во Грција има 53.900 бегалци, од кои 10.124 се наоѓаат во Идомени. Останатите се наоѓаат во други региони на земјата и на островите.

Најчитани вести