Грција плати 200 милиони евра на ММФ

Грција денеска плати 200 милиони евра камата на Меѓународниот монетарен фонд, јави „Катимерини“ повикувајќи се на изјава на грчки официјален претставник дадена за странски медиуми, пренесе МИА.

– Тоа е направено, парите се на пат, изјавило официјалното лице, кое побарало да остане анонимно.

„Катимерини“ додава дека не се очекувало денешното плаќање да биде проблем за земјата, но се „очекува борба“ за исплатата на ратата од 750 милиони евра кон ММФ, која доспева на 12 мај.