Балкан

Грција поднесе барање за заем од Европскиот стабилизациски механизам

Грција поднесе барање за заем од Европскиот стабилизациски механизам

Грција поднесе формално барање за спасувачки заем од посебниот фонд за поддршка на еврозоната, соопшти портпаролот на Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ), пренесуваат светските медиуми.

– Европскиот стабилизациски механизам го доби грчкото барање, рече тој.

Министрите за финансии од Еврогрупата треба да го разгледаат барањето, кое е формално упатено претседавачот Јерун Дејселблум, преку конференциски повик кој е закажан за денеска, јави дописникот на МИА од Атина.