Грција: Поскапуваат цигарите и тутунарските производи

Измените во Законот што го предлага Владата во Атина, со цел да ги зголеми приходите во државната каса, предвидуваат зголемување на акцизите на цигарите за пет евроценти, на тутунот за лулиња за седум центи и пакувањата со пури за едно евро, јавуваат локалните медиуми.

Со ова поскапување на тутунарските производи се очекува државата да заработува по 50,7 милиони евра годишно.

Измените во Законот се прават со цел да се компензира укинувањето на таксата од 25 евра за сместување во државна болница, што Владата сакаше да ја наплатува еднокртано. Со оваа такса се очекувааше годишен прилив во буџетот од 45 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.