Балкан

Грција стана центар на неонацизам

Грција стана центар на неонацизам

Грчката полиција заплени илјада скандалозни фотографии и снимки на членови на партијата Златна зора. Материјалот предаден на јавното обвинителство ги прикажува екстремните десничари како изведуваат нацистички поздрав и на луѓето им држат вперен пиштол во глава. Речиси 14 илјади фотографии и 900 видео-клипови се откриени на компјутерите и мобилните телефони на двајца членови на парламентот и еден водач на локалниот огранок на Златна зора.Во тек е истрага поради илегална работа на нејзините членови.

„Тоа потврдува дека Златна зора не е само нацистичка група, туку криминална организација. Фотографиите покажуваат дека познатите членови поминуваат обука за вооружена борба во летните кампови,“ изјави за „Гардијан“ новинарот Димитрис Псарас, автор на книгата „Црна библија Златна Зора“.

Еден од снимените членови е Јоргос Рупакијас, осомничен за убиство на рап музичарот и антифашист Павлос Фисас. Златна зора до сега одрекнуваше било какв поврзаност со 46 годишниот камионџија кој раперот го избоде со нож.

Покрај мажите кои мавтаат со пушки, на сликите се прикажани и жени како позираат во кревет со оружје, како и деца кои изведуваат нацистички поздрав.

„Оваа колекција покажува како нивните припадници се самоуверени. Во еден амбиент на сиромаштија и екстремизам, тие мислат дека можат да се извлечат, со било што,“ изјави Псарас.