Грција постигна договор со кредиторите

(© AP Photo / Yorgos Karahalis)

Грција советувањето за кастрење на пензиите и укинување на даночните олеснувања во вторникот си го отвори патот за исплата на дополнителните средства од меѓународните кредитори за спасување на нејзината економија и рефинансирањето на огромниот долг.

Претставниците на двете преговарачки страни постигнаа договор за пакетот реформи. Грчкиот министер за финансии Евклид Цаколатос рече за новинарите „Се појави бел чад“, алудирајќи на начинот на кој Ватикан го објавува изборот на новиот папа.

Новите мерки, коишто вклучуваат, покрај кастрење на пензиите и укинување на даночните олеснувања, и либерализација на енергетскиот пазар, треба да бидат потврдени уште во парламентот, а се очекува дека гласањето за нив ќе се одржи на 16 мај. Министрите а финансии од еврозоната потоа ќе дискутираат за исплаќањето на новите транши од кредитот на следниот самит на Еврогрупата кој е закажан за 22 мај.

На Грција ѝ се итно неопходни тие пари за да може да ја исплати ратата од долгот од 7,5 милијарди евра, кои за наплата стасуваат во јули.

Грчката влада изрази увереност дека мерките ќе бидат одобрени во парламентот, иако главната опозициска партија Нова демократија најави дека ќе гласа против нив. Владејачката коалиција на левицата и националистите има мало, но се чини цврсто мнозинство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.