Грците повторно плачат – им смета што во Катар сите не препознаваат како Македонија

Грција неможе да преболи што ги “исплескавме” на спортски план, па сега се обидуваат да не поразат на политички начин.

Нашите јужни соседи беа убедливо поразени во баражот за Светското ракометно првенство во Катар токму од Македонија, па сега по којзнае кој пат ја замешуваат и политиката во спортот.

Иако воопшто не се дел од Светското првенство, се појавија со барање до ИХФ во кое го истакнуваат своето незадоволство поради употребата на нашето уставно име, Македонија.

“Во однос на неправилното користење на името на БЈРМ во одредени случаи на 24-то Светско првенство во ракомет за мажи, кое се одржува во Катар, а на кое учествува соседната земја, грчката ракометна федерација упати писмо до Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) од која бара да реагира до локалниот организациски комитет за секаде каде што се појавува или објавува името на БЈРМ, тоа да се случува со официјалното меѓународно име”, пишува во соопштението од грчката ракометна федерација до ИХФ.

Ваков преседан, во кој толку често политиката се меша во спортот е својствен само за Грците, кои по неколкуте порази во кошарка и ракомет уште повеќе ги засилија притисоците врз европските и светските спортски куќи за употреба на официјалното име под кое сме заведени ширум истите – БЈРМ.

Дали овој последен испад на грчката ракометна федерација ќе биде успешен останува да видиме во следните неколку дена, иако барем засега, Катар не подлегна на ови притисоци и се покажа како одличен домаќин.