петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 61

Грција прави чистка на границата, мигрантите се враќаат во Атина

Грција прави чистка на границата. Грчката полиција почна да ги отстранува стотиците мигранти кои се наоѓаат на границата со Македонија и го блокираа железничкиот сообраќај, јавува Катимерини повикувајќи се на Ројтерс.

migranti-idomeni-1

Поврзани вести

Грција прави чистка на границата. Грчката полиција почна да ги отстранува стотиците мигранти кои се наоѓаат на границата со Македонија и го блокираа железничкиот сообраќај, јавува Катимерини повикувајќи се на Ројтерс.

Околу 1.200 лица во главно од Пакистан, Мароко и Иран беа заглавени во близина на Идомени и бараа да преминат на македонска територија со цел да стасаат во ЕУ, откако Македонија и Србија почнаа да ги филтрираат мигрантите по националност.

Инциденти на грчко-македонската граница

Инциденти на грчко-македонската граница

Полицијата во Грција информира дека мигрантите ќе бидат пренесени со автобуси во Атина каде ќе бидат сместени во центри за мигранти пред да ги вратат во матичните земји.

Во последните две недели имаше судири меѓу полицијата и мигрантите кои ја блокираа границата, а во инцидентите животот го загуби еден Мароканец.

Најчитани вести